spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: Конститутивна седница на Советот на општината

Гази Баба: Конститутивна седница на Советот на општината

Конститутивната седница ја отвори и ја водеше највозрасниот член на Советот.

На почетокот на седницата, се обрати градоначалникот Бобан Стефковски, кој им го честита изборот на членовите на Советот, им посака успешна работа и мандат исполнет со носење на одлуки за развој и напредок на општина Гази Баба. Градоначалникот ја информира јавноста дека за првпат по 45 години од постоење на општината, од седниците на Советот се врши пренос во живо, со што граѓаните ќе можат да ја следат работата на советот. Ветувањето за отворена и транспарентна општина, кое го дадовме, веќе го исполнуваме.

– На свечената Академија по повод 45 години од формирањето на општината, во моето обраќање, порачав дека е време за нов почеток и повикав на заедничко обединување. Новиот почеток, обединувањето и подавањето рака е насочено кон секој ччлен на Советот. Ве повикувам да ги надминеме сите разлики кои постојат и заедно да ја менуваме општина Гази Баба – рече градоначалникот Стефковски.

Тој накратко ги спомена активностите кои се отпочнати во изминатиот период: постапка за обезбедување на финансиски средства за изградба на детска градинка во Керамидница, постапка за обезбедување на финансиски средства за Центар за сензорна интеграција во Железара, во тек се градежни работи за асфалтирање на улици во населените места Булачани и Трубарево, запрена е постапката за отворање на нова индустрија за третман на хемиски отпад во нашата општина и изнаоѓање на решение за водоснабдување на жителите на Брњарци.

Во периодот кој претстои, ќе се спроведе нов концепт на пишување на Буџетот на општината за 2022 година. Тоа значи спроведување на јавна анкета со анкетни листови преку месните и урбаните заедници и одржување на директни средби со граѓаните во секое населено место, маало и улици. Секоја идеја, предлог и сугестија ќе се разгледа и најприфатливите ќе се вградат во Буџетот. Граѓаните ќе го имаат последниот збор за тоа како и за што ќе се тршат нивните пари, бидејќи истиот го полнат тие. Исто така, очекувам и барам, секој член на Советот да даде идеи, предлози и сугестии за новиот Буџет, бидејќи тие се избрани од граѓаните и ги претставуваат нив. За 2022 година ќе донесеме досега најразновиден Буџет, со кој ќе се реализираат голем број на проекти за подобар и поквалитетен живот на граѓаните на општина Гази Баба, истакна на крај на своето обраќање градоначалникот Бобан Стефковски.

Во продолжение на седницата, се верификуваа мандатите на членовите на Советот, по што истите дадоа свечена заклетва, а потоа следеше и избор за претседател на Советот. За претседател на Советот беше предложена и со мнозинство на гласови беше избрана членот наСоветот, Дијана Илиевска од Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија.

Инаку Советот на општина Гази Баба го сочинуваат 27 членови, од кои 16 се од партијата ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за Обнова на Македонија, 7 члена од партијата СДСМ и коалицијата Најдоброто за мојата општина, 3 члена од партијата Левица и 1 член од партијата ДУИ.

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...