Неготино: Спортскиот клуб „Луј Брај“-Неготино организираше шаховски турнир

ОпштиниНеготино: Спортскиот клуб „Луј Брај“-Неготино организираше шаховски турнир

Најчитано

Градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов и претседателката на Советот на општината Роза Јаневска присуствуваа на започнувањето на турнирот во шах кој се одржа во просториите на Здружението на слепи лица од нашиот град-настан со кој и тие дадоа придонес во активностите за одбележување на Денот на ослободувањето на градот.

Турнирот, кој се одржува со строго почитување на ковид-мерките, го отворија градоначалникот Стојанов, претседателот на Спортската федерација на слепи лица Благоја Мишевски и шаховскиот велемајстор Трајче Недев.

Станува збор за пријателски шаховски турнир организиран од спортскиот клуб „Луј Брај“ од Неготино и на кој учество зедоа по четворица натпреварувачи од Здруженијата на слепи лица од Неготино, Кавадарци и Кочани. Градоначалникот Стојанов истакна дека членовите на Здружението на слепи лица секогаш ќе ја имаат неговата безрезервна поддршка при релаизацијата на зацртаните програмски активности.

 

 

 

 

Извор: Општина Неготино

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе