spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Градоначалникот Герасимовски додели стипендии на деца од семејства со висок...

Центар: Градоначалникот Герасимовски додели стипендии на деца од семејства со висок социјален ризик

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на 8 деца од семејства со социјален ризик од општинските основни училишта, им додели стипендии за учебната 2021/2022 година.

Овие стипендии Општина Центар ги доделува секоја година и со нив, им се олеснува процесот на основно образование на учениците на кои овие средства им се најпотребни, по едно дете од секое општинско основно училиште. Стипендистите ќе добиваат по 3000 денари месечно, до крајот на учебната година.

Доделувањето на стипендиите беше повод за вчерашната посета на учениците во кабинетот на градоначалникот Герасимовски, кој искористи прилика накусо да ги запознае децата со работата и активностите на општината.

Градоначалникот Герасимовски, заедно со симболични подароци, им ги додели стипендиите на учениците и им посака многу среќа и успеси во учебната година што претстои.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

МСПДМ: Средба Лимани- Милер – Со силна поддршка на УНИЦЕФ, наскоро...

0
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани оствари средба со претставничката на УНИЦЕФ Лесли Милер и нејзините соработници. Соговорниците разговараа за важноста од...