spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: ЈПКД Турија чистеше покрај патот во Седларци

Василево: ЈПКД Турија чистеше покрај патот во Седларци

Вчера градоначалникот на општина Василево Славе Андонов беше во населеното место Седларци, каде направи увид во активностите на ЈПКД Турија Василево, кои по негова иницијатива го чистеа атмосферскиот канал покрај патот.

Како што информираа од ЈПКД Турија, активноста опфаќа чистење на атмосферскиот канал од наноси и вегетација и отстранување на наносите од земја од коловозната лента, со што во случај на обилни врнежи се намалува можноста од излевање на атмосферските води по асфалтот и предизвикување штета како на коловозната лента така и на околните површини.

Со активноста е опфатен каналот во целата негова должина.

ЈПКД Турија Василево и општина Василево и во наредниот период ќе го задржат курсот на сервис на граѓаните  во насока на подобрување на севкупните услови за живот на своите сограѓани.

 

 

 

 

Извор: Општина Василево 

Прочитајте

Центар: Прифатена Иницијативата за конфискација на дивоградби, ова е голема победа...

0
Општина Центар извојува победа. Една година по поднесувањето на Иницијативата за регулирање, конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти од градоначалникот на Општина Центар...