spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Увид во изградбата на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

Василево: Увид во изградбата на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци

Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, заедно со претставници од градежната компанија- изведувач на активностите на терен и фирмата задолжена за надзор над работите изврши увид во текот на градежните активности на локалниот пат Ново Владевци – Старо Владевци. Како што информираше претставникот од Геинг- компанија задолжена за надзорот на градежните активности, поставени се шахтите за атмосферска канализација а тековно се изведуваат земјени работи. Комплетната реализација треба да биде до крајот на оваа календарска година.

Должината на овој локален пат изнесува околу 2 км, а средствата во висина од околу 20 000 000 денари се обезбедени од Светска банка преку Владата на РСМакедонија и Министерството за транспорт и врски во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта.

Изведбата на проектот е во рамки на програмата Проекти за поврзување на локални патишта –П 170267 Тендер 2 – LRCP-9034-MK-RFB-A.2.1.2.

 

 

 

 

Извор: Општина Василево

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...