Во септември годинава во општина Гевгелија се издадени одобренија за градба на 86 станови, објави Државниот завод за статистика. Така, општина Гевгелија се најде меѓу општините каде што во септември, во споредба со истиот месец лани, биле издадени поголем број одобренија за градба.
Имено, во Република Северна Македонија во септември биле издадени 318 одобренија за градење, што е за 28,2 % повеќе во однос на септември лани. Најголем број од одобренијата се во Полошкиот регион, 66, по што следат Скопскиот регион, 62, Југоисточниот, 53, Вардардскиот 46,а најмалку дозволи за градба, 17, се издадени во Пелагонискиот регион.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови, со вкупна корисна површина од 56.849 метри квадратни. Најмногу станови ќе се градат во Скопскиот регион, 216, од кои 196 се во Општина Гази Баба. Меѓу општините со пoголем број планирани нови станови се и Струмица (87), Гевгелија (86), Гостивар (76).
Предвидената вредност на објектите за кои се издадени одобренија во септември годинава изнесува 3.833.718.000 денари. Од издадените одобренија за градење, 184 (57,9%) се за објекти од високоградба, 35(11% ) од нискоградба, а 99 (31.1%) се објекти за реконструкција. На 195 (61,3 %) од објектите како инвеститори се јавуваат физички лица, а на останатите 123 (38,7%) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Извор: Општина Гевгелија