spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииМицкоски да поднесе оставка, пропадна неговиот обид да ја врати државата назад

Мицкоски да поднесе оставка, пропадна неговиот обид да ја врати државата назад

Големата лага на Христијан Мицкоски дека има 61 пратеник за недоверба на Владата и за ново парламентарно мнозинство падна во вода.

Докажаниот губитник Мицкоски седна на иста маса со политичари кои се против НАТО и ЕУ, кои се против Охридскиот рамковен договор, против концептот Едно општество за сите само заради пуста и неостварена желба за власт.

Целата јавност виде дека ВМРО-ДПМНЕ е исто што и Левица, дека Мицкоски и Димитар Апасиев се едно исто.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ бесрамно лажеа дека наводно бил киднапиран пратеник и бараат брзи парламентарни избори.

Наместо да поднесе оставка затоа што одново се поразени неговите обиди да ја врати државата назад, Мицкоски бара брзи предвремени избори.

Граѓаните не заслужуваат политичари кои немаат став, кои лажат и работат на штета на интересите на граѓаните и државата.

СДСМ и граѓаните нема да дозволат државата да падне во заложништво на несериозни, неодговорни, недораснати политичари како што е Мицкоски, послушникот на Груевски.

СДСМ заедно со сите демократски сили продолжува да работи за интересите на државата и граѓаните, деструкциите и блокадите на Мицкоски одново ќе бидат поразени.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

МТСП: Хусејин – Главен приоритет е да осигуриме шанса и можности...

0
Заменик министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин учествуваше на Четвртиот состанок на Заедничкиот управен комитет за спроведување на Рамката за соработка за...