МТСП: Ситуацијата со Ковид 19 во градинките останува стабилна

ИнтервјуаМТСП: Ситуацијата со Ковид 19 во градинките останува стабилна

Најчитано

Во изминатите седум дена регистрирани се 5 новозаразени дечиња во градинките и 21 вработено лице, што говори дека состојбата со ковид пандемијата во градинките е стабилна и дека тие се безбедно место за згрижување на децата од нула до шестгодишна возраст, рече министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, во интервју за Утрински брифинг.

Според неа, вработените во градинките покажале висока свест и одговорност, за што говори високиот процент на вакцинирани, односно 80% од воспитувачите и 78% од негувателите веќе се инумизирани.

„Апелирам до сите граѓани, да пристапат кон процесот на вакцинација, да носат заштитни маски и да држат растојание. Од нас зависи дали од оваа битка со Ковид 19 ќе излеземе како победници“, изјави министерката Шахпаска.

Изминатиов период организацијата за работа во градинките, со цел спречување на ширењето на вирусот се покажа како доста успешна. Од самото започнување со работа, по периодот на карантин, што е повеќе од една година, градинките работат непречено и во моментов ги посетуваат 21.000 деца на ниво на држава.

 

 

 

 

Извор: Министерство за труд и социјална политика 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе