spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Исплата за поправка и санација на кровови и лифтови

Центар: Исплата за поправка и санација на кровови и лифтови

Општина Центар ја започна исплатата за финансиската поддршка од 2.154.837 денари за реконструкција на постоечки кровни конструкции и постоечки лифтови во станбените згради на подрачјето на општината.

Врз основа на јавниот повик бр. 09-3788/2 од 05.07.2021 година и спроведена постапка во согласност со Јавниот повик за финансиска подршка за поправка и санација на постоечки кровни конструкции и лифтови во станбените згради на подрачјето на Општина Центар, како и во согласност со Записникот од Комисијата формирана за избор на станбени објекти општината ќе изврши исплата на 9 станбени објекти за поправка и санација на лифтови тоа на адресите: ул. Васил Ѓоргов бр.28/22, ул. Народен Фронт бр.27, бул.Кочо Рацин бр.8, ул.Народен Фронт бр.13, ул.Васил Ѓоргов бр.18, ул.Кочо Рацин бр.14 влез,3, ул.Водњанска бр.60, Бул.Климент Охридски бр.25-(бул.ЈНА бр.63А), ул.Васил Главинов бр.3 влез 8-(бул.ВМРО).

Исплатата на финансиски средства за поправка и санација на лифтови изнесува1.630.517,00 денари.

Согласно истиот јавен повик поправка и санација на постоечки кровни конструкции општина Центар ќе исплати финансиски средства на 6 станбени објекти на адресите: Бул.Кочо Рацин бр.14/1 , ул. Диме Аницин бр.15, ул.Аминта трети бр, 29/3, бул.Кочо Рацин бр.26, ул Диме Аницин бр.13, ул 6. ул.Пролет бр.21.

Вкупната сума која Општина Центар ќе ја исплати за поправка и санација на кровови изнесува 524.320,00 денари. Вкупната сума за исплата за лифтови и кровови изнесува 2.154.837 ден односно околу 35 000 евра.

Општина Центар во следните четири години ќе додели 30 субвенции за кровови и лифтови, 6 уште во првата година.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...