spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: НУ Народен театар Битола - 77 години постоење

Битола: НУ Народен театар Битола – 77 години постоење

Негувањето на најголемите човечки вредности и најзначајните обележја на еден народ, најдобро се достигнува преку процес на постојан развој и промоција на културата и уметноста.

НУ Народен театар Битола, седумдесет и седум години со гордост ги негува македонскиот јазик и култура, претставувајќи ги насекаде низ светот. За својата битолска публика, Народниот театар подготви заедничко, роденденско уживање во театарската магија.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, по повод роденденот на театарот, ја посети изложбата „Театарски скици“ на авторите Петар и Сашо Ставрев, а потоа беше дел од публиката на театарската претстава „Сомнително лице“.

Посакувајќи понатамошна успешна работа и силни аплаузи од многубројна публика, Коњановски го честиташе роденденот на Битолскиот театар, нагласувајќи дека една од заложбите на оваа локална самоуправа ќе биде поддршката и културното издигнување на Битола, како лидер во културата во државата и регионот.

 

 

Извор: Општина Битола

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...