Кисела Вода: Повик за пријавување на стари лица за помош и нега во домашни услови

ОпштиниКисела Вода: Повик за пријавување на стари лица за помош и нега...

Најчитано

Општина Кисела Вода ги повикува старите и изнемоштени жители од овој дел на Скопје да се пријават на повикот за добивање на помош во извршувањето на секојдневните домашни обврски. Со оваа услуга се опфатени возрасни лица кои не можат да се грижат сами за себе и да водат независен живот во заедницата.

 

Тие ќе добијат негувател кој ќе им помогне во во одржување на лична хигиена, во хранење, облекување, во одржување на домаќинството, кој ќе им овозможи помош при готвење и пазарување, при движење надвор од домот, помош при користење медицинска терапија, при контрола на крвен притисок и шеќер. За да добијат негувател, лицата треба да се обратат кај својот матичен лекар, а потоа со потребната документација во месно-надлежниот Центар за социјални работи, од каде ќе биде назначено стручно лице за увид и одобрение. Напоменуваме дека оваа услуга е бесплатна и не го одзема правото на туѓа нега. Истата е овозможена преку соработката на Општина Кисела Вода со социјалното претпријатие „Нега Плус“, во рамките на ХЕРА.

 

 

Потребната документација и дополнителни информации се достапни на веб страницата на Општина Кисела Вода на следниот линк:

https://www.kiselavoda.gov.mk/content-data/Broshuri/NEGA%20plus.pdf

За сите дополнителни прашања или помош при пријавувањето за користење на услугите, граѓаните можат да се обратат директно во Канцеларијата за подобрување на социјалните услуги која се наоѓа во просториите на Општина Кисела Вода или на телефоните 02/278-5481, 070 299-026 и 071/391-167, Ѓуроска Ана.

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе