МВР: Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Чешката Република Н.Е Мирослав Томан

МинистерстваМВР: Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Чешката Република Н.Е Мирослав...

Најчитано

Вчера во Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија се одржа работна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Чешката Република Н.Е. Мирослав Томан.

На средбата двете страни изразија задоволство за долгогодишната одлична соработка меѓу нашите две Министерства и меѓу специјалните единици на двете земји кои неодамна реализираа заедничка обука во Чешката Република, каде што од чешка страна беше доделена опрема за потребите на Специјалната антитерористичка единица Тигар.

Притоа, министерот Спасовски изрази благодарност за континуираната материјално техничката поддршка од чешката страна, со која се зајакнуваат капацитетите на Министерството за внатрешни работи и на нашата полиција како и за соработката во рамки на заедничкото обезбедување на јужната граница преку постојаните ротирачки контингенти полициски службеници од Чешката Република, во справувањето со миграцијата и илегалните миграциски текови.

 

 

 

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе