Охрид: Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски”

ОпштиниОхрид: Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски”

Најчитано

По повод 8-ми Декември – “Св.Климент Охридски”, Советот на општина Охрид распишува Конкурс за доделување Повелба – Патрон на градот “Св.Климент Охридски” за 2021 година.

Повелбите се доделуваат за остварувања и достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење и имаат посебен придонес во равојот и севкупниот напредок и афирмација на Општина Охрид во Република Македонија и во светот, во период од една година.

  • Право на учество на Конкурсот имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
  • Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања се конкурира и најмалку барем една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа во која се конкурира.
  • Повелбата може да се додели максимум на пет добитници.
  • Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето.
  • Пријавите коишто ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
  • Пријавите да се достават во затворен плик на адреса: ул.”Димитар Влахов” бр.57, за Комисија за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија (со назнака: ЗА КОНКУРСОТ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ПОВЕЛБА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”.)

 

 

 

Извор: Општина Охрид 

 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе