spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeВладаУспешно заврши јавниот повик за делниците Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка од...

Успешно заврши јавниот повик за делниците Куманово-Бељаковце и Бељаковце-Крива Паланка од железницата на Коридорот 8

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“ вчера (15 ноември) успешно го заврши јавниот повик за понуди за избор на изведувач за рехабилитација и градба на фаза 1 од пругата Куманово-Бељаковце, и за фаза 2 реконструкција и изградба на делницата Бељаковце-Крива Паланка од железничкото поврзување на Коридорот 8.

Според утврдената постапка, во наредниот период следува евалуација на пристигнатите понуди и избор на најповолниот понудувач, по што, откако заврши постапката за избор на надзорен инженер, се создаваат услови за остварување на најавата за отпочнување на градежните работи на овие делници од железницата на Коридорот 8 во првиот квартал на наредната година.

Средствата за целиот овој проект се на располагање и се обезбедени преку кредит од страна на Европската банка за обнова и развој и инвестициски грант одобрен преку инструментот Инвестициски фонд за Западен Балкан на ЕУ.

 

 

 

 

Извор: Влада

Прочитајте

Карпош: Двојна спортска круна за основците од Коменски

0
По возбудливата завршница во финалните натпревари во кошарка (момчиња) и одбојка (девојчиња), кои се одиграа денеска во рамки на општинскиот училишен спортски куп, двата...