spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниГази Баба: "ГРАЃАНИТЕ ПИШУВААТ БУЏЕТ" Нов концепт на пишување на Буџетот за...

Гази Баба: “ГРАЃАНИТЕ ПИШУВААТ БУЏЕТ” Нов концепт на пишување на Буџетот за 2022 година

Од оваа година градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски воведе нов концепт на пишување на Буџетот на општината за 2022 година во кој граѓаните ќе имаат активна улога.

За таа цел од утре 17.11.2021 година (среда) до наредната среда 24.11.2021 година во временски период од 09.00 до 15.00 часот, секој граѓанин ќе има можност во просториите на Месните и Урбаните заедници, како и на едношалтерскиот систем во општината да потполни анкетен лист во кој ќе предложи идеа или проект кој смета дека треба да биде дел од Буџетот на општината за следната година.

Сите граѓани на општина Гази Баба ќе имаат можност своите идеи и проекти да ги достават и по електронски пат на е-маил адресата: gradonacalnik@gazibaba.gov.mk

Пристигнатите идеи и проекти ќе бидат разгледани од наша страна во најбрз можен рок, затоа што граѓаните допринесуваат за полнење на буџетот и тие ќе определат за што ќе се трошат нивните пари и во иднина.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Гази Баба 

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...