spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниЦентар: Го средуваме градежниот хаос на улица „Козара“

Центар: Го средуваме градежниот хаос на улица „Козара“

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, со инспекторите од Секторот за инспекциски работи вчера извршија увид во состојбата со градежните активности на улицата „Козара“, во Општина Центар.

Јавноста реагираше на градежната експанзија што се одвива на улицата „Козара“, пред сѐ поради вкупната бројка на згради, 7, кои во моментов се градат токму на оваа улица, но и непосредноста на градежните парцели на зградите.

Поради обемните градежни активности и секојдневниот сообраќај на тешка градежна механизација, видливи се и оштетувањата на улицата и големите дупки на коловозот, кои општината ќе ги санира во најбрз можен рок.

Герасимовски, заедно со општинските градежни инспектори и општинските служби имаа можност директно да се запознаат со ситуацијата на улица „Козара“.

„Во целост го разбирам револтот на јавноста, но и на жителите кои живеат во околината. Поради тоа и денес сме овде, на лице место, да се увериме во состојбата на оваа улица и да видиме што можеме да направиме за да ја вратиме во нормално функционирање. Затоа и општинските инспектори се денес со нас и за евентуалните прекршувања на законските одредби одговорните лица ќе си сносат одговорност. Целата состојба со улицата е загрижувачка, а видливи се и оштетувањата на коловозот. Секторот за инспекциски работи ги задолжи инвеститорите во рок од три дена да го отстранат целиот градежен шут од тротоарите, во спротивно, ќе следуваат санкции“, изјави по увидот градоначалникот Герасимовски.

Градоначалникот додаде дека ќе се запази одвивањето на сообраќајот на градежната механизација во околината и дополнително внимание ќе се посвети на обврската на миењето на гумите на возилата. Општина Центар во најбрз можен рок ќе ги санира дупките и оштетувањата на коловозот и ќе го нормализира движењето на возилата во овој дел од Општина Центар.

 

 

 

 

Извор: Општина Центар 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...