spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниАеродром: Јавен повик до Граѓанските организации

Аеродром: Јавен повик до Граѓанските организации

Општина Аеродром разгледува различни решенија за продлабочување на соработката со граѓанските организации и нивно поврзување и вмрежување, за што е потребно да се ажурира општинскиот регистар за да се утврди колку и какви здруженија и организации гравитираат на нејзината територија или, пак, соработуваат со општинската администрација.

Заинтересираните граѓански организации е потребно на aerodrom@aerodrom.gov.mk да испратат e-mail со податоци за:

– името на организацијата

– областа на дејствување

– телефонски број

– интернет-страница

На тој начин, општината ќе добие реална слика за потенцијалот на соработката што може да се оствари, во кој правец треба таа да се развива и како да се насочат заедничките напори во грижата за заедницата и за сите жители на општината.

Преку соработка и овозможување соодветна поддршка на граѓанските организации можеме да постигнеме значаен придонес кон претворање на Општина Аеродром во подобро место за живеење на секој поединец.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Аеродром 

Прочитајте

МЈА: Министерот Минчев оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република...

0
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, оствари средба со Амбасадорката на Германија во Република Македонија, Н.Е. Петра Дрекслер. Фокусот на средбата беше можноста за унапредување...