spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕЕвропската банка го прекина финансирањето на проектот за штипската болница, неспособност...

Европската банка го прекина финансирањето на проектот за штипската болница, неспособност на Заев и Филипче

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посета на населеното место Страчинци коментирајќи го случајот во кој Европската банка го прекинала финансирањето на проектот за штипската болница, истакна дека е жално што обезбедените 13,43 милиони евра се прекинати од Европската банка со допис дека тоа се случува поради слабиот прогрес кој што е направен во првите 18 месеци од почнување на проектот, а тоа ја докажува неспособноста на власта.

„За жал, Европската банка го има прекинато финансирањето на проектот и тоа со заклучок дека после прогресот кој што е направен во првите 18 месеци од кога е започнат проектот, а проектот е започнат во февруари месец 2018 година и после прогресот кој што е направен во првите 18 месеци, за жал од есента 2017 година, период кога практично новата влада на СДСМ и Зоран Заев е избрана, имаме драматично намалување на активностите коишто се еднакви на нула. Поради тоа Европската банка сега одлучува да преостанатиот дел од средствата коишто ги има обезбедено за финансирање на овој проект, а тоа е клиничката болница во Штип, а коишто се во висина од повеќе од 13 милиони евра, да ги стопира, односно да не ги пренесе на Македонија за да може овој проект да биде завршен“, потенцираше Мицкоски.

Тој направи споредба и со клиничкиот центар кој владата го најавуваше за во Скопје за кој немаше ниту проект, ниту како ќе изгледа туку само дека ќе чини рекордни 500 милиони евра кои требаше да ги платат граѓаните, а во случајот со штипската болница власта имаше и обезбеден проект и обезбедени средства, но за жал проектот е прекинат поради неспособноста на власта

„Се сеќавате како драматично го најавуваа проектот за клиничката болница овдека во Скопје којшто народски кажано не се знаеше ни кој го проектирал, ни дали е проектиран, ни како ќе изгледа ни што ќе изгледа, туку се знаеше само дека цената е 500 милиони евра пари коишто ќе ги платат граѓаните и со тоа ќе го пробиевме најверојатно гинисовиот рекорд за најскап клинички центар некогаш направен во историјата на човештвото. Но еве, имаме сега таков еден, со обезбедени пари со обезбеден проект којшто оваа власт и овој министер за здравство, за жал, не само што не го завршија после 52 месеци, туку напротив, средствата коишто ги беше обезбедила Европската банка се сторнирани“, рече Мицкоски.

Тој исто така пред камерите го покажа и дописот кој го испратила Европската банка со кој се прекинува финансирањето на овој проект.

„Тоа е овој допис. Ова е дописот од Европска банка и може да го видат камерите и велат дека – „Бидејќи имаме многу слаб прогрес од есента 2017 година и дека проектот стои, преостанатите 13, 43 милиони евра коишто беа обезбедени ќе бидат прекинати“, ова е делото на оваа влада која што не води во прогрес. Ова е прогресот на Венко Филипче и на Зоран Заев кој треба да го види македонската јавност“, заврши Мицкоски.

 

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...