spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕИнституциите да го истражат случајот со ЕВН, а СДСМ потоа да се...

Институциите да го истражат случајот со ЕВН, а СДСМ потоа да се извини, луѓе блиски до нив терале бизниси со таа компанија

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува институциите да го истражат случајот со ЕВН, а СДСМ потоа да се извини, многу скоро ќе излезе дека луѓе блиски до нив терале бизниси со таа компанија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа институциите да го истражат секој денар кај него и неговото семејство, но кога ќе се утврди вистината, СДСМ да се извини јавно за грубите манипулации со кои ја труе јавноста.

Многу скоро ќе излезе дека всушност лица блиски до СДСМ работеле со таа компанија.

А целиот дефокус кој го прави власта и грубите манипулации се со цел да ја покријат безидејноста како понатаму, но и ситуацијата во која западнаа да ја држат власта без мнозинство во собранието.

Наместо да читаат празни пресови без суштина. Заев да си замине и да одиме на брзи избори. Државата и граѓаните чекаат работа, а не лаги и манипулации како што тоа прави СДСМ сега.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...