Локалниот еколошки акционен план претставува највисок локален стратешки документ за Општина Кисела Вода за заштита, планирање и управување со животната средина, со важност од шест години. ЛЕАП-от како стратешки документ од суштинско значење, ги детектира актуелните состојби во областа на животната средина и усвојува соодветни краткорочни и долгорочни мерки за разрешување на идентификуваните проблеми за граѓаните на Општина Кисела Вода.
Овој ЛЕАП се надоврзува на веќе започнатите процеси на управување со животната средина во општината. За таа цел номиниран е локален координатор кој е одговорен за секојдневните активности за изработка на ЛЕАП-от, членови на Локален комитет и формирани се 6 работни групи (за воздух, вода, отпад, почва, природа и урбан и рурален развој).
Со цел да се донесе квалитетен стратешки документ чија имплементација ќе продонесе за значително подобрување на животната средина, ќе биде воспоставена соработка на Општина Кисела Вода со приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор.
Извор: Општина Кисела Вода