spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВладата на премиерот во заминување Заев нема кредибилитет, изборите се решение

Владата на премиерот во заминување Заев нема кредибилитет, изборите се решение

Почитувани,

Вечерва заседава Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кој се дискутира за актуелната општествено политичка состојба, за последните политички случувања врзани со состојбата во економијата, енергетската криза и владата предводена од премиерот во заминување Зоран Заев.

Извршниот комитет смета дека актуелната влада го загуби кредибилитетот од граѓаните, и волјата на народот е јасно изразена на последните избори кои СДСМ ги загуби со над 100.000 гласови разлика. ВМРО-ДПМНЕ победи во 42 општини плус градот Скопје, што преставува историски најдобар резултат на било која опозициона партија во Македонија. Тоа за нас преставува полна одговорност за оправдување на очекувањата на граѓаните и посветена работа на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ кои веќе започнаа со промените.

Резултатот од изборите е  јасна порака дека народот бара промени во централната власт, народот е незадоволен од тешката економска криза, растечката инфлација, како и континуираните неуспеси и потфрлањето на планот на европските интеграции.

Оваа некредибилина влада се одржа единствено како резултат на киднапиран пратеник што е уште показател за хибридниот режим на Зоран Заев, наспроти волјата на граѓаните.

Забележлива е измамничката политика на премиерот во заминување кој еднаш вели дека си поднесува оставка, потоа вели дека истата се одложува на неодредено време, а денес брифираат од СДСМ дека биле подготвени за нова влада.

Со СДСМ нема да има нова влада, може само да има продлабочување на економската, енергетската и политичка криза и поставување на нов Заев кој ќе биде продолжение на сите негови неуспешни политики.

ВМРО-ДПМНЕ затоа смета дека брзи избори би биле единственото решение за излез од таквата криза, а  се друго е продлабочување на кризата и влегување во уште поголема неизвесност.

Криминалот и непланското работење државата ја донесе на работа на енергетската криза, чии последици се плаќаат од буџетот на граѓаните, поточно од нивниот џеб.

ИК на ВМРО-ДПМНЕ расправаше и за партиски прашања, при што го утврди датумот за претстојниот редовен конгрес кој ќе се одржи 12 декември во Скопје.

На овој конгрес ќе трасира патот на идното делување и политиките на ВМРО-ДПМНЕ во насока на нашите ветува за обезбедување на промени во општеството и нова иднина за сите луѓе на Македонија.

 

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...