spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Започна расчистувањето на дивата депонија кај „Јордан Мијалков“

Охрид: Започна расчистувањето на дивата депонија кај „Јордан Мијалков“

По налог на градоначалникот Кирил Пецаков, започна акцијата  за расчистување на дивата депонија на улицата „Јордан Мијалков“ во Охрид.

 

Екипи на фирмата „Победа“ од Ботун се ангажирани на подигнување на градежниот шут и друг вид отпад  што граѓаните нелегално го депонираат на оваа јавна површина.

Градоначалникот Пецаков  при  теренската  посета упати апел до своите сограѓани да не го фрлаат отпадот на несоодветни места и да не создаваат диви депонии  со цел да имаме убав и чист Охрид.

 

Отпадот и градежниот шут ќе се депонираат на соодветни локации.

 

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...