Од големо значење е негувањето и продлабочување на билатералните односи

Политички партииВМРО-ДПМНЕОд големо значење е негувањето и продлабочување на билатералните односи

Најчитано

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски 19.11.2021 година, заедно со меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски оствари средба со Џајлс Норман, Амбасадор на Канада во Република Македонија.
На средбата беа потенцирани добрите билатерални односи помеѓу Република Македонија и Канада, каде што од страна на претседателот Мицкоски беше потенцирајќи дека истата треба да се продлабочат и негуваат во иднина.
Мицкоски се заблагодари на амбасадорот Норман за поддршката која што ја дава Канада на земјата, потенцирајќи го значењето кое што го добива македонската иселеничка заедница која пак претставува мост за унапредување на двете држави.
На состанокот се разговараше за актуелните политички случувања, економската ситуација, енергетската криза, високиот степен на криминал и корупција, како и европските интеграции и македонското членство во НАТО.
Од страна на Мицкоски беше посочено дека државата изминатите пет години уназадува на секое поле бидејќи како што рече тој, со владата на СДСМ и Заев корупцијата и криминалот е се по присутен, а поради лошата економска ситуација и неспособноста на властите државата и граѓаните осиромашуваат.
Мицкоски вели дека од особено значење е поддршката од страна на Канада како стратешки партнер во НАТО Алијансата и земја која што може да ни пренесе големи искуства, но и да даде поддршка на целите на државата на домашен и меѓународен план.
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе