Градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов оствари прием на борачите, стручниот штаб и управата на Боречкиот клуб „Бучим-Радовиш“.
Повод за приемот беа освоените репрезентативни медали на Балканското првенство и на Медитеранското првенство кои се одржаа во Грција, во доста силна конкуренција.
Градоначалникот им честиташе на постигнатите успеси и изрази особено задоволство што продолжува традицијата на успесите во борењето во нашата општина со надеж дека истите ќе продолжат а во блиска иднина да се радуваме и на европски медал.
Извор: Општина Радовиш