Сиромашни влегуваат во политиката, богати си заминуваат, секој кој се огрешил кон законите ќе си одговара и тоа важи за сите

Политички партииВМРО-ДПМНЕСиромашни влегуваат во политиката, богати си заминуваат, секој кој се огрешил кон...

Најчитано

На народот му е доста од крадење, не може сиромашни да влегуваат во политика, а потоа богати да си заминуваат со возен парк од милиони евра. Секој што се огрешил пред законите треба да одговара и тоа мора да важи за сите, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

 

 

Мицкоски истакна дека оваа власт нема намера да понесе одговорност затоа што тоа се картели кои меѓу себе си местат тендери и затоа еден со друг не можат да си побараат одговорност.
– Погледнете го социјалниот статус на тие луѓе кога влегуваат во политика и на функции и погледнете кога излегуваат.

Влегуваат како сиромашни, а излегуваат како мултимилионери. Сите кои се огрешиле пред законот и народот треба да одговараат без разлика кои се. Јавно кажувам дека секој што се огрешил треба да одговара пред закон. Владеењето на правото и законите треба да биде неприкосновено, јас да бидам осуден нема да барам амнестија, ќе си го докажам тоа во фер и судска постапка, рече Мицкоски.

 

 

Мицкоски додаде дека дали ние имаме проблем со обвинителските и судски постапки, тоа е вредно за дискусија, бидејќи резултатите од тоа излегоа на една ранг листа каде што сме 15 места подолу од претходната година, 111 сме на Транспаренси Интернешнл според корупција и криминал и дека конечно борбата против криминалот мора да профункционира.
– Ако сакаме да имаме функционална држава мора да кажеме преку системот дека борбата со криминал и корупција ќе биде бескомпромисна, нагласи Мицкоски.

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе