spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕВласта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да...

Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што дашто да краде

Власта краде струја и прави милиони, а народот плаќа милиони за да има власта што да краде.

По неколкуте купување на скапа струја, склучен е нов договор за набавка на струја за 10 дена во вредност од над 12 милиони евра.

Доколку оваа сума се собере со претходните 11 милиони евра потрошени за струја, и 15 милиони кои ги плативме кон европската енергетска мрежа доаѓаме до сума од над 38 милиони евра, пари кои државата ги потроши за купување на скапа струја, а зимата календарски не е ниту почната.

Струја се купува затоа што нема домашно производство, а нема затоа што нема јаглен во РЕК, ниту вода во хидроакумулациите.

Неспособноста за слабиот менаџмент со енергетските претпријатија ја плаќаат граѓаните од чии џебови се одвојуваат овие тешки милиони за да се купи струја, за подоцна и таа скапо платена струја некој од власта да ја краде за копање на биткоини.

Со оваа власт системот не функционира. Не чека енергетска криза од невидени размери и оваа власт не знае како да се справи. Затоа потребни се промени, брзи избори, а потоа и нова влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...