spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниБитола: Градоначалникот Коњановски на средба со жителите од селото Буково

Битола: Градоначалникот Коњановски на средба со жителите од селото Буково

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски имаше средба со дел од месното население во селото Буково, каде ги слушна проблемите на жителите, настанати после реконструкцијата на локалниот пат. Констатирајќи ја ситуацијата на терен, градоначалникот веднаш интервенираше кон преземање на конкретни мерки, кои во моментот ќе придонесат во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот.

Сепак, од разговорот со населението, увидот на терен и консултацијата со стручните служби, констатирано е дека неопходно е проширување на патот, што ќе претставува решение на проблемите со кои жителите на селото Буково се соочуваат повеќе од четири месеци.

Новото проектно решение, локалната самоуправа планира да биде завршено во првата половина на 2022 година.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Битола 

Прочитајте