Гевгелија: Градоначалникот Сарамандов ја посети Времената депонија

ОпштиниГевгелија: Градоначалникот Сарамандов ја посети Времената депонија

Најчитано

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов ја посети Времената депонија кај Ново Конско, каде што се работи на отстранување на одредени недостатоци.

Притоа, Сарамандов изрази уверување дека Времената депонија наскоро ќе профункционира и ќе започне со прифаќање на комуналниот отпад.

Постојат реални можности до крајот на годината да започне депонирањето на комуналниот отпад во Новата депонија. Како што е познато, Времената депонија беше изградена со јапонски грант обезбеден од УНДП, по мигрантската криза, заради зголеменото количество на комунален отпад и неопходното дислоцирање на старата дива депонија кај Сува Река.

 

– Наскоро се очекува да започне ревитализацијата на Старата депонија, со која се предвидува чистењето на натрупаниот отпад и уредување на просторот. Со изведувачот веќе е потпишан договор за изведба, а Министерството за животна средина го води проектот. Отстранувањето на дивата депонија е од приоритетно значење, па оттука и потребата од што побрзо профункционирање на новата Времена депонија, изјави градоначалникот Андон Сарамандов при посетата на Новата депонија кај Ново Конско.

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Гевгелија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе