Гевгелија: Градоначалникот Сарамандов во посета на Црвен крст- ОО Гевгелија

ОпштиниГевгелија: Градоначалникот Сарамандов во посета на Црвен крст- ОО Гевгелија

Најчитано

Црвен крст- ОО Гевгелија ја одбележува Неделата на грижа за старите лица. За таа цел, беше организирана едукативна работилница на тема „Здраво и активно стареење – важен дел од нашиот живот“ за пензионерите од Гевгелија, Богданци и Дојран.

 

По тој повод, Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, денеска го посети Црвен крст- ОО Гевгелија. Имено, на средбата со секретарот Лазар Мешков разговараа за претстојните активности на хуманитарната организација, при што Сарамандов ја изрази својата поддршка, истакнувајќи дека Општина Гевгелија е отворена за соработка.

За што, наскоро ќе биде потпишан и Меморандум за соработка помеѓу Општина Гевгелија и Црвен крст- ОО Гевгелија.

 

Со потпишувањето пристапница, градоначалникот Сарамандов официјално стана член на семејството на Црвен крст- Гевгелија.

 

Извор: Општина Гевгелија

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе