spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниКисела Вода: Ќе се мери квалитетот на воздухот во општината

Кисела Вода: Ќе се мери квалитетот на воздухот во општината

Мерна станица за квалитет на амбиентен воздух е поставена во паркот Македонија, веднаш до Домот на Култура. Преку заедничка соработка на Општина Кисела Вода и Градот Скопје, жителите на овој дел од градот, за прв пат добија инструмент со кој се мери состојбата на воздухот.

Се мери концентрација на PM10, NO2, SO2, CO како и температура, влажност на воздух и брзина на ветар и истите се ажурираат на секои 5 минути.

 

 

Аирпоинтерот поседува и дисплеј што овозможува резултатите од мерењето да бидат видливи во секој момент. Истите резултати се достапни и на официјалната веб страни на Општина Кисела Вода, како и на порталот на Град Скопје.

 

 

 

 

Извор: Општина Кисела Вода

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...