Секторот за даноци и такси при Општина Куманово ги известува сите даночни обврзници кои го немаат примено решението за данок на имот за 2021 год задолжително да се обратат во просториите на Секторот кој се наоѓа спроти Градскиот стадион,во поранешна зграда на Козјак и истото да го подигнат.
Воедно се известуваат сите даночни обврзници соглано законските измени на Законот за даноците на имот ,односно согласно Закон за изменување и дополнување на законот за даноците на имот (Сл.Весник бр.151/21 од 06.07.2021 год) чл.4 со кој се менува чл.9 од Закон за даноците на имот („Сл. весник на РМ“ бр. 61/04, 92/07, 102/08, 35/11, 53/11, 84/12, 188/13, 154/15, 192/15.23/16),ќе се намалува и утврдената вредност на земјиштето (дворот) на кој се наоѓа објектот во кој домува обврзникот.
Согласно горенаведеново граѓаните ќе имаа обврска да достават копија од лична карта и копија од имотен лист како доказ дека домуваат во објектот и
земјиштето припаѓа на истиот објект,односно Потврда за целокупниот имот кој го поседуваат.
За сите подетални информации лицата можат да се обратат во просториите на Општина Куманово,Сектор за даноци и такси.
Извор: Општина Куманово