МВР: 150 санкционирани возачи во Скопје, 62 за брзо возење

МинистерстваМВР: 150 санкционирани возачи во Скопје, 62 за брзо возење

Најчитано

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (20.11.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 150 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 62 санкции, 15 мерки за возење без возачка дозвола, осум за возење под дејство на алкохол, три санкционирани возачи на мотоцикли, четири мерки за возачи почетници, три санкционирани возила за минување на затворен сигнал-црвено светло.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

 

 

Извор: Министерство за внатрешни работи 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе