Денеска (21.11.2021) во периодот од 12.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 163 возачи. Од нив 72 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 59 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 104 надвор од населено место.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.