spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниНеготино: Во музејот се одржа концерт на дуо Кировски

Неготино: Во музејот се одржа концерт на дуо Кировски

Во општинската установа Музеј на град Неготино се одржа концерт на Дуото КИРОВСКИ, во состав на Љубиша Кировски (виола и виолина) и Маја Шутевска-Кировска (пијано). Камерното дуо Кировски е оформено во 1993 година и од основањето до денес има реализирано бројни настапи во државата и надвор од неа како: Хрватска (Загреб, Риека, Осиек, Пула), Србија (Белград, Нови Сад, Подгорица), Полска (Варшава, Краков), Италија (Трст, Фиренца), Швајцарија (Лозана), Бугарија, Англија (Лондон), САД (Њујорк), Германија, Северен Кипар. Во 1997 година дуото специјализира на Европската Моцарт Академија во Варшава, во Лозана се усовршуваат за изведба на сонати за виолина и пијано, во 1998 година се добитници на Специјалната награда на Ц.Е.И. (Централно Европска Иницијатива) на Меѓународниот натпревар за камерна музика Трио ди Триесте, Италија..

Репертоарот на дуото опфаќа дела од барокот до музиката на 20 век со над 50 сонати за виолина и пијано. Дуото Кировски посебно го негува македонското музичко творештво, редовно изведувајќи дела од македонски композитори. Така и во рамки на концертот одржан во градскиот музеј во Неготино беа изведени сонати за пијано и виолина од Х.Виетан, Ф.Сај, И.Фролов…но највпечатлива беше изведбата на прекрасната преработка на македонска песна “Јовано, Јованке“ и одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на аргентинскиот гениј Астор Пјацола со изведбата на познатата “Вуелво ал сур“… со тоа беше удостоена неготинската публика со прекрасно и крајно професионално изведен камерен концерт.

Концертот е поддржан од страна на министерството за култура на РСМ и се одржа според протоколите за заштита од КОВИД-19.

 

 

 

Извор: Општина Неготино 

Прочитајте

ДИК: Излезност – Претседателски избори 2024

0
Прочитајте и погледнете 👀👇 ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024 Извор: Државна изборна комисија