spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниПрилеп: Градоначалникот Борче Јовчески оствари средба со боречкиот клуб „7 Мај“

Прилеп: Градоначалникот Борче Јовчески оствари средба со боречкиот клуб „7 Мај“

Ангела Трајкоска, Тамара Цветкоска и Барбара Стојкоска заедно со своите тренери од боречкиот клуб “7 Мај“ остварија средба со градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.

Причина за денешната посета беа првенствата и медалите кои младите борачки од клубот „7 Мај“ ги освоија на натпреварите на Балканското и Медитеранското првенство кое се одржа во Грција од 26 до 30 октомври.

Градоначалникот Јовчески посочи дека лично ќе се ангажира во развојот на спортот, во сите негови сегменти. Присутните на средбата, добија и пригодни подароци од Општина Прилеп.

 

 

 

 

Извор: Општина Прилеп

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...