ЈПКД „Турија“; Василево, по налог на општина Василево вршеше насипување и тампонирање на една од неасфалтираните улици во населеното место Василево.
Според информацијата од претставникот од ЈПКД „Турија“, за реализација на оваа активност, која опфаќа пополнување на дупките со чакал и тампонирање на улицата во целата должина, употребени се околу 15 м3 чакал.
На лице место беше и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој направи увид во текот на активноста, која е само една од низата активности од комуналната сфера, со која директно се влијае врз подобрување на секојдневното живеење на граѓаните од општина Василево.
Извор: Општина Василево