spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВасилево: Конститутивната седница на Советот на општината

Василево: Конститутивната седница на Советот на општината

Ристо Делијанов е новиот претседател на Советот на општина Василево, кој на првата конститутивна седница на Советот на општина Василево беше избран едногласно.

Делијанов им се заблагодари на своите колеги за поддршката и дадената доверба и вети дека ќе се залага  сите заедно да работат за доброто на граѓаните на општина Василево.

Мандатот на Советниците и изборот на Делијанов за претседател на општинскиот Совет им го честиташе и градоначалниот на општина Василево, Славе Андонов, кој им посака успешна работа и им вети дека Одлуките кои ги носат ќе бидат спроведени.

„Околу 12 години работев како секретар на Советот, работата ми е позната и кој има потреба од некој совет, без разлика што сум градоначалник, можеме да се консултираме, се во интерес да биде како што треба и сите одлуки, дај Боже да ги носиме како оваа денес, едногласно. Едно што сакам да Ви порачам е сите да бидеме на нивото на одговорноста што ни ја дал народот и посебен е моментот поради што тоа го барам бидејќи нашата општина е во катастрофална економска состојба оставена од претходната власт, поради тоа барам посебна одговорност и дисциплина од сите Вас, па и од мене, и со заеднички донесени одлуки да ја извадиме општината од состојбата во која се наоѓа“, им порача градоначалникот Андонов.

На оваа седница, беше формирана Комисија за верификација на мандатите, која ги верифукуваше мандатите на 15-те Советници, по што истите со давање и потпишување на свечената изјава се обврзаа дека ќе работат согласно законите и уставот во интерес на сите граѓани..

Согласно дневниот ред, на седницата  беше формирана и Комисијата за мандатни прашања, избори и именувања во чиј состав се: Блаже Коцев, Александра Мадевска, Живко Атанасов, Александар Митрев и Ристо Делијанов.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Василево

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...