spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниВелес: Договор за грант од ЕУ за проект за уредување на...

Велес: Договор за грант од ЕУ за проект за уредување на центарот

Градоначалникот Марко Колев го потпиша договорот за грант со Делегацијата на Европска Унија  за реализација на проектот „Паметни решенија за Велес- продолжуваме“, со кој ќе се уредува централното градско подрачје.

Проектот во вкупна вредност од 46.365.699 денари или 751.470 евра е наменет за реконструкција на улицата „8 Септември“ , нови сообраќајни решенија во централното градско подрачје, поставување на атмосферска канализација во овој дел од градот и воведување на т.н. паметни решенија за одвивање на сообраќајот и јавниот превоз како и мерки за поттикнување на пешачењето и возењето велосипед. Со реализација, проектот ќе стартува на 15 јануари 2022 година.

 

 

 

Извор: Општина Велес 

Прочитајте

Кои се работните позиции во Администрацијата и колкава нето плата им...

0
За сите вработени во администрацијата и целата јавност – Javnaadministracija.mk ги објавува работните позиции согласно систематизацијата на работни места во јавната администрација на Северна Македонија. Дополнително, за секоја...