spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕМерките за земјоделците требаше од април да се реализираат, но власта ги...

Мерките за земјоделците требаше од април да се реализираат, но власта ги остави во цедило додека самата се занимаваше со криминал и корупција

СДСМ и Зоран Заев се синоним на лагата и неспособноста. Поради нив Македонија е во тешка криза и излезот од таа криза е нивното заминување од власт.
Мерките со кои СДСМ денес се фали, требаше да бидат реализирани многу порано, но за жал поради лошите економски политики и приоритети на власта на Заев, земјоделците и тутунарите беа оставени на цедило.
Замислете овие средства со кои денес во ноември 2021 година се фали СДСМ се предвидени во пакетот ИТНИ мерки од април месец. Цели 8 месеци доцни “итната исплата“.
Дополнително овие средства се однесуваат на откупен тутун од ланската реколта, откуп кој почна ноември-декември 2020 година. Цела една година тутунарите ги чекаа овие средства за да ги покријат загубите поради лошата полтика на Заев И СДСМ.
Но власта на заев целиот овој период беше посветена на трошење на парите на граѓаните за поткуп на избори, матни зделки и криминални тендери и затоа парите не завршуваат навреме онаму каде што треба.
Згора на се, земјоделците знаат дека најцрните денови на тутунопроизводството ги имаа со Заев и Љупчо Николовски кои го изменија законот за тутун и дозволија увоз на тутун во Македонија, пред да биде откупено домашното производство, со што им се урна откупната цена на македонските тутунари и им се девалвираше нивниот труд.
Заради лошата политика на власта на Заев резултатите на изборите се такви какви што се. Кризата со Заев само може да се продлабочува.
Заминувањето на Заев и заевизмот е единственото решение за Македонија.
Извор:

Прочитајте

Битола: Завршени потребните подготовките за прифатилиште, се чека одобрение од АХВ

0
Со вклученост на сите релевантни субјекти и средства од сопствениот буџет, Општина Битола, ги направи подготовките за отворање на прифатилиште за бездомни животни. Градоначалникот...