spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииНајважно е стабилно парламентарно мнозинство кое ќе се справи со предизвиците

Најважно е стабилно парламентарно мнозинство кое ќе се справи со предизвиците

На првата средба меѓу СДСМ и Алтернатива е разговарано за основите, односно за концептот, нагласи членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5  телевизија.

Тој додаде дека предлагање на нова Влада подразбира и предлагање на нова владина програма.

Владината програма која што лани беше усвоена на владејачката коалиција по јулските избори 2020, сега ќе претрпи измени, бидејќи во Владата би требало да влезе нов политички субјект, а тоа е Алтернатива и тоа беше фокусот на првата средба, рече Богоев.

Тој додаде дека СДСМ утре има ИО и ЦО, Алтернатива има претседателство, во меѓувреме се користи времето да се разговара со коалициските партнери и да се запознаат со дискусиите и впечатоците од првата средбата со Алтернатива, за да може утре на органите и телата на двете партии, претходно консултирајќи се со коалиционите партнери да дадат евентуално позитивно зелено светло за да продолжат разговорите.

Ако се даде тоа зелено светло преговорите ќе навлезат и во кадровската политика, рече Богоев, додавајќи дека Алтернатива си има некои програмски работи кои смета да се суштински битни за да бидат дел од парламентарното мнозинство, сега фокусот е на тоа, штом се усогласат тие работи ќе се премине веднаш кон кадровските дискусии.

Во моментов за нас е битно да се задржи мнозинството и дополнително да се зголеми, во време на криза, во време на отворениот прозорец за добивање датум за почеток на преговори, наш топ приоритет е поголемата слика, кадровските прашања се секундарно прашање, рече Богоев.

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев ги повика институциите да испитаат во кое својство Христијан Мицкоски секојдневно, во работен ден, во работно време е на терен со градоначалниците и вработените во општините.

Гледаме Христијан Мицкоски на прес конференција промовира во Гази Баба канализација, проект од претходниот градоначалник на СДСМ, а вработени и градоначалник му реферираат на партиски лидер, тоа е прекршување на законот, рече членот на Извршниот одбор на СДСМ, Стефан Богоев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5  телевизија.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте

Град Скопје: Соопштение

0
Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска како потпретседател на Европската народна партија ЕПП за локални власти ко-претседаваше со пленарниот состанок на политичката група во...