spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниОхрид: Реконструкција на Булеварот Македонски Просветители

Охрид: Реконструкција на Булеварот Македонски Просветители

Од вчера почнаа градежните активности за реконструкција и уредување на Булеварот „Македонски Просветители“.

Со проектот предвидено е да се изврши реконструкција на двете коловозни ленти кои меѓусебно ќе бидат одвоени со зелен појас. Предвидено е паркирањето на булеварот да биде косо под агол од 45 степени по една страна. Исто така со проектот е опфатена и изградба на велосипедска патека која ќе биде двонасочна и две пешачки патеки.

– Денеска започнуваме со изградба на булеварот „Македонски Просветители“ којшто документационо беше завршен во изминатиот период. Во моментов ќе тендерираме само уште две работи кои не беа завршени со документација. Рокот е 6 месеци, во кои ние тековно ќе ги средиме сите потребни документи и тендерот за осветлување и со тоа ќе имаме комплетно булеварско решение со осветлување, двосмерна велосипедска патека, пешачки патеки од двете страни и нов коловоз, истакна градоначалникот Кирил Пецаков.

 

Изведувач на градежните зафати е АД „Илинден“, а вредноста на проектот изнесува околу 38 милиони денари.

 

 

 

Извор: Општина Охрид

Прочитајте

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни...

0
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира сточарите, одгледувачи на говеда, дека денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ја...