spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕПлата во Македонски Железници Инфраструктура и Транспорт нема, каде е Бочварски ?

Плата во Македонски Железници Инфраструктура и Транспорт нема, каде е Бочварски ?

Плата во Македонски Железници Инфраструктура и Македонски Железници Транспорт НЕМА.

Се касни со првиот дел на плата за месец Октомври.

Во железници состојбите од секогаш биле предизвикачки и тешки, но никогаш како сега. Железница ги живее најлошите години од нејзиното функционирање.

За време на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ имаше поголем број на возни линии, имаше меѓународен воз, започна со градба на пругата Битола-Кременица, се градеше пругата према Бугарија, се купија нови возни гарнитури..

Сега „благодарение” на СДСМ-ДУИ состојбата во железници е следна:

-Изградената пруга Битола-Кременица не е пуштена во употреба.

-Прекината е градбата на пругата према Бугарија, процедурата за избор на нов изведувач трае предолго.

-Укинат е единствениот меѓународен воз.

-Укинати се неколку домашни возни линии.

-Веќе неколку месеци нема воз на релација Скoпје-Кичево.

-Исто така, нема воз и на релацијата Скопје-Кочани.

-Нема набавка на нови возни гарнитури.

Во минатото опозиционерот Благој Бочварски за истиот проблем со платата одржуваше пресови на Железничка станица Скопје и повикуваше за исплата на плати и потреба за нова Влада во Македонија…

Каде си сега Бочварски Благој да одржиш прес за исплата на плати и за потребата за нова Влада во Македонија?!?!

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...