spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeОпштиниСтрумица: Се одржа втората сесија на Буџетскиот форум

Струмица: Се одржа втората сесија на Буџетскиот форум

Во големата сала на Домот на АРМ се одржа втората сесија од Буџетскиот форум 2021/2022 година. Тековните и развојните програми и капитални инвестиции за новата буџетска година, пред учесниците на сесијата, ги презентираше градоначалникот Костадин Костадинов.

За остварените приходи во општинскиот буџет во 2021 година по разни основи и планираните приходи за 2022 година со осврт на главните промени, зборуваше Евгенија Граматикова, раководител на Одделението за буџетска координација во општина Струмица. Во рамките на Буџетскиот форум 2021/2022 ќе се одржат вкупно 5 форумски сесии. Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.

Извор: Општина Струмица 

Прочитајте

Јегуновце: Работна посета низ повеќе населени места

0
Градоначалникот на општина Јегуновце беше на работна посета низ повеќе населени места во општина Јегуновце каде направив увид на започнати проекти: Во завршна фаза е...