spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕ продолжува каде што застана пред 4 години со уништување на Охрид...

ВМРО-ДПМНЕ продолжува каде што застана пред 4 години со уништување на Охрид и Охрдиското езеро

ВМРО-ДПМНЕ продолжува да си ја покажува својата лицемерност, едно зборуваат кога се во опозиција, сосема спротивно зборуваат и прават кога се на власт.

Нивната голема грижа за Охридското езеро, за статусот во УНЕСКО како заштитено природно и културно наследство, критиките, само месец дена по изборите ја пуштија низ вода и почнаа постапка за повторно издавање на плажите под концесии.

Градоначалникот на Охрид заедно со криминалното ВМРО ДПМНЕ има намера повторно да го издава најатрактивниот и најзаштитениот дел од крајбрежјето на Охридското Езеро.

Тој само продолжува каде што ВМРО-ДПМНЕ застана пред четири години во уништувањето на македонскиот бисер, ним воопшто не им е грижа за препораките од УНЕСКО, ниту за Планот за управување со светското природно и културно наследство.

Централната и локалната власт предводена од СДСМ во изминатите четири години со изградбата на колекторскиот систем, планот за управување со Охрид, чистењето на плажите, успеа да санира дел од штетите направени со децениската негрижа, злоупотреби и мегаломанство на ВМРО-ДПМНЕ.

А, сега кога ВМРО-ДПМНЕ стана локална власт во Охрид, си ја покажа дволичноста, заборави на УНЕСКО, на заштитата на Охридското езеро, покажа дека ги изигра граѓаните и нивната доверба.

 

 

 

 

Извор: СДСМ

Прочитајте