Илинден: Учествувај во креирањето на Буџетот за 2022 година

ОпштиниИлинден: Учествувај во креирањето на Буџетот за 2022 година

Најчитано

Почитувани граѓани,

Општина Илинден го започнува процесот на креирање на новиот  Буџет за 2022 година.

Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Ве повикуваме сите предлози и идеи да ни ги испратите по електронски пат на официјалната е-маил адреса ilinden@ilinden.gov.mk , како и директно во архивата на општината секој работен ден до 03.12.2021 година.

На овој начин ќе овозможите поголема информираност на локалната самоуправа за вистинските проблеми и создавање на Буџет кој ќе ги задоволи најголемиот дел од потребите на граѓаните.

Одговорите ќе бидат разгледани од соодветните сектори. Сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на можностите ќе видат интегрирани во нашите буџетски програми.

Ви благодариме на соработката.

 

 

 

 

 

Извор: Општина Илинден 

spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
https://form.jotform.com/222403480783353spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img

Читај повеќе