МОН: Пријавување за субвенциониран студентски оброк за студенти кои не го оствариле ова право на претходните повици

МинистерстваМОН: Пријавување за субвенциониран студентски оброк за студенти кои не го оствариле...

Најчитано

Министерството за образование и наука информира дека до 30 ноември повторно може да се аплицира за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк. Можат да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок. Оваа можност ќе биде достапна секој месец и тоа од 20ти до 30ти, односно 31-ви во месецот.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документи – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари 9 месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата.

 

Досега, правото на субвенциониран студентски оброк го остварија 18.105 студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.

 

 

 

 

Извор: Министерство за образование и наука

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе