Тридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која животите ги загубија 45 македонски државјани

ВладаТридневна жалост за трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија во која животите ги...

Најчитано

Со едноминутно молчење во знак на почит кон жртвите од трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, и во знак на сочувство со нивните семејства, Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 120-та седница донесе одлука да биде прогласена тридневна жалост на територијата на целата држава.

За денови на жалост се прогласени денешниот ден, утре и задутре, односно од 23 ноември заклучно со 25 ноември (вторник, среда и четврток), а за време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе биде истакнато на половина копје.

Се одлагаат сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост.

 

 

Извор: Влада

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе