spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeПолитички партииВМРО-ДПМНЕСтавање на хармоникаш на чело на РЕК е гума за спасување за...

Ставање на хармоникаш на чело на РЕК е гума за спасување за Ковачевски

Ставање на хармоникаш на чело на РЕК е гума за спасување за Ковачевски и одбегнување на одговорност.

Ново поставениот директор на РЕК Битола Пеце Матески пред само неколку месеци беше поставен за директор на Термоелектраната, во која во изминатиот период се случија најголем број на хаварии.

Матески од претходно работно искуство има искуство како комерцијалист на гуми за џвакање и како хармоникаш по кафеани и ресторани.

Деградирачки е РЕК да го води човек кој нема никакво познавање од енергетиката, ниту реално искуство од областа.

Опасност по безбедноста на земјата е на чело на најголемиот енергетски капацитет наместо енергетичар од праска да имаме хармоникаш.

16.5 милиони евра треба да се платат за злоупотреби од европската мрежа за само еден месец. 11 милиони се потрошени за набавка на струја, плус уште 12.1 милиони евра за десетневен париод.

Огромни суми на пари се трошат без план, а како што стојат работите нема ниту кој да го направи планот за излез на државата од енергетската криза.

 

 

 

 

 

Извор: ВМРО ДПМНЕ 

Прочитајте

Велес: Градежни зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“

0
Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а...