spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
HomeСамостојни органиСамостојни државни органиАПЈ: Со ТИКА ја интензивираме соработката

АПЈ: Со ТИКА ја интензивираме соработката

Вчера, делегација на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА во Република Северна Македонија, предводена од г. Халим Омер Согут, програмски координатор на ТИКА во Скопје, ја посети Агенцијата за примена на јазикот на РСМ при што беше пречекан од директорот Илбер Села.
Посетата на делегацијата на ТИКА е возвратна посета на Агенцијата по одржаната работна средба на директорот Села со својот тим во седиштето на ТИКА во Скопје во месец септември оваа година.
Директорот Села го изрази своето задоволство кон својот соговорник од досегашниот позитивен развој на односите со ТИКА, при што беше дискутирано за можна поддршка од страна на ТИКА за набавка на техничка опрема за потребите на АПЈ при спроведување на обуки и специјализирани тренинзи за симултан превод, како и организирање на настани и промоции на албански, на турски, на македонски и на други јазици на припадниците на заедниците, како и реализација на студиска посета на тим од Агенцијата на сродни и научно-образовни институции во Република Турција.
Двете страни се согласија дека АПЈ и ТИКА поставија темели за цврсто пријателство и меѓусебна соработка коешто ќе продолжи да се развива и во иднина.

Прочитајте

Дурмиши нов претседател на ЕСС: Социјалниот дијалог е од клучно значење...

0
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов и претседателката на Организацијата на работодавачи...