Богданци: Средби со граѓани за Буџетот за 2022 година

ОпштиниБогданци: Средби со граѓани за Буџетот за 2022 година

Најчитано

Општина Богданци е во фаза на подготвување на  Буџетот за 2022 година. Со цел да се овозможи поголема вклученост на граѓаните и граѓанските организации при неговото креирање, Градоначалникот ќе оствари средби со граѓаните по населените места, со следниот распоред:

25.11.2021 година (четврток)

18:00 до 19:00 часот во с. Стојаково ( во ресторантот)

26.11.2021 година (петок)

18:00 до 19:00 часот во с. Ѓавото ( во основното училиште )

29.11.2021 година (понеделник)

18:00 до 19:00 часот во с. Селемли (во основното училиште)

30.11.2021 година (вторник)

18:00 до 19:00 часот во Богданци  ( Дом на култура „Бранд Петрушев)

Сите  Вие кои имате идеи, предлози за релизација на проекти и решавање на одредени проблеми, повелете во наведениот термин, на разговор со Градоначалникот и претставници од локалната самоуправа.

Сите реално остварливи предлози, идеи, во рамки на можностите  на општина Богданци  ќе бидат интегрирани во буџетски програми за 2022 година.

Организацијата  на  средбите  по населените места  ќе биде согласно важечките прописи за COVID 19.

 

 

 

 

 

 

Извор: Општина Богданци 

spot_img
spot_img
spot_img

Последни објави

spot_img
spot_img
spot_img

Читај повеќе